Корисничка поддршка
Како да користам интернет во странство?
За да можете да користите мобилен интернет во странство, потребно е да се направат прилагодувања на Вашиот мобилен уред кои зависат од оперативниот систем.
Доколку имате телефон со Android оперативен систем потребно е да ги направите следните подесувања:
Одберете Settings - Connections - Mobile Networks - Access Point Names.
Притиснете на Add во горниот десен агол.
Во полињата Name, APN, Username и Password се впишува internet.
Другите полиња не е потребно да ги подесувате, односно потребно е да останат празни.
Во горниот десен агол, притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата Save со што подесувањата ќе видат зачувани и ќе бидете вратени во полето APNs.
Доколку користите iOS оперативен систем, рачните подесувања се следни:
Одберете Settings - Mobile Data - Mobile Data Network - Access Point Names.
Во полињата APN, Username и Password се впишува internet.
Подесувањата ќе бидат зачувани откако горе лево ќе се вратите во Mobile data.
Дополнително, проверете во телефонот дали опцијата „Data Roaming“ е вклучена (enabled).
Направете дополнителна проверка преку апликацијата „Мојот А1“ дали на Вашиот број имате поставено забрана за роаминг или забрана за интернет во роаминг.