Корисничка поддршка

Како можам да ја проверам моменталната состојба на мојата сметка?

Моменталната состојба на Вашата сметка може да ја проверите на неколку начини:
• преку мобилната апликација „Мојот А1“ во делот „Состојба“;
• преку веб-порталот „Мојот А1“ изберете ја опцијата „Состојба - Моментална состојба“;
• со SMS-порака на бројот 1278 со текст SMETKA (пораката е бесплатна);
• со повик на бројот 1278 со следење на инструкциите од постпејд менито (повикот е бесплатен); или
• со повик на бројот 077 1234 со следење на инструкциите од постпејд менито (со притискање на броевите 2, па 1).

Моменталната состојба е од информативен карактер и не вклучува месечни претплати, еднократни надоместоци, попусти или трошоци направени во роаминг.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања