Корисничка поддршка
Како можам да ја проверам моменталната состојба на мојата сметка?
Моменталната состојба на Вашата сметка може да ја проверите на неколку начини:
- преку мобилната апликација „Мојот А1“ во делот „Состојба“,
- преку веб-порталот „Мојот А1“ изберете ја опцијата „Мои сметки - Преглед“,
- со SMS-порака на бројот 1278 со текст SMETKA (пораката е бесплатна)
- со повик на бројот 1278 со следење на инструкциите од постпејд менито (повикот е бесплатен)
Моменталната состојба е од информативен карактер и не вклучува месечни претплати, еднократни надоместоци, попусти или трошоци направени во роаминг.