Корисничка поддршка
Дали ќе ми се наплати мобилниот интернет ако го користам во странство?
Да, ќе се наплати во согласност со роаминг цените во земјата во којашто престојувате. Во прилог список на држави и оператори: https://www.A1.mk/postpejd/roaming-partneri.
Од 1.7.2021 е направена промена во роаминг режимот – RLAH (Roam Like At Home), при која во роаминг се применуваат исти услови како во рамките на домашната мрежа. RLAH се применува помеѓу државите на „Западен Балкан“ (WB6) и ги вклучува следните држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
За целосна заштита од трошоци, можете да активирате пакет за мобилен интернет во роаминг, со кој ќе имате целосна заштита од несакани трошоци, а притоа и да имате едно поинакво искуство каде што сите информации ги имате на Вашиот смартфон исто како да сте дома. Дополнително, доколку не сакате да користите мобилен интернет во роаминг, можете да активирате „Забрана за користење интернет во роаминг“ преку апликацијата „Мојот А1“ (мобилна апликација).