Корисничка поддршка
Какви се тие „Повици со USSD-код“ во роаминг и како можам да ги користам?
Роаминг услугата „Повици со USSD-код“ Ви овозможува најевтини повици кон дома додека престојувате во странство. За користење на услугата, прво внесете го кодот *123*, а во продолжение го внесувате бројот што го повикувате со соодветниот префикс (3897XXXXXXXX) и на крајот внесете #.
Пример за повик кон:
мобилен број: *123*38975ХХХХХХ#;
мобилен број: *123*38977ХХХХХХ#;
фиксен број во Скопје: *123*3892XXХXХХХ#
Откако ќе го направите повикот, тој ќе биде прекинат, а потоа ќе добиете USSD-известување дека повикот се воспоставува. Следува повратен повик на кој треба да одговорите и да почекате додека другата страна не одговори. Повикот се наплатува од моментот на воспоставување на врската помеѓу двете страни. Нема месечна претплата за користење на услугата „Повици со USSD-код“. „USSD“ услугата/цената важи само за оператори со кои А1 Македонија има договор. Пред Вашето патување, проверете со кои оператори имаме потпишано договор.