Корисничка поддршка
Како да активирам SOS кредит?
Услугата SOS кредит Ви овозможува да искористите 30 денари во моментот кога Ви е потребно.
Истите ќе бидат наплатени од следното надополнување и тоа 35 денари (30 денари за SOS кредитот и 5 денари за испратената SOS порака).
Испратете порака со содржина „SOS“ на бројот 144 333.
Услугата можете да ја користете доколку ги исполнувате следниве услови:
- да имате минимум 2 поединечни надополнувања (било која сума) во последните 3 месеци;
- да немате повеќе од 5 денари на сметка; и
- доколку претходно е искористен SOS кредит, истиот да е платен.