Корисничка поддршка
Како да регистрирам припејд број?
Припејд регистрација може да се направи преку веб страната на A1 преку следниов линк: www.a1.mk/pripejd/registracija
Освен на овој начин, регистрацијата може да се направи и на следниве начини:
• во кое било продажно место на А1 Македонија ДООЕЛ Скопје означено со А1 брендот;
• преку одговори на примените SMS пораки од бројот 140 150; или
• со испраќање на SMS порака со содржина REG на 140 150.
Регистрацијата на припејд број за странски државјани се реализира исклучиво во продажните места на А1 Македонија со приложување на валиден документ за лична идентификација (пасош).