Корисничка поддршка
PIN и PUK Број
Секоја SIM-картичка задолжително има PIN-број, кој се внесува при активација на картичката. Тој се наоѓа на самата пластифицирана картичка.
PIN-бројот може да се промени преку менито на телефонот, според упатството за корисници. Промена на PIN не е возможна преку ниеден систем, освен преку самиот телефон на корисникот.
Доколку се згреши 3 пати PIN-от, картичката се блокира и се внесува PUK-кодот што може да се добие на следниве начини:
• на самата пластифицирана картичка;
• преку јавување во А1 Контакт центарот на бројот 077 1234;
• преку апликацијата Мојот А1 во делот Мојот профил - Поставувања (ова е достапно само за корисници кои имаат креирано профил со корисничко име и лозинка со доделени Напредни привилегии); или
• со приложување на валиден документ за лична идентификација за да се потврди сопственоста на Припејд/Поспејд картичката во најблискиот продажен салон на А1.
Блокирана СИМ картичка со PUK-број е доколку истиот го внесете погрешно 10 пати, а во ваков случај неопходнo е да се направи замена на SIM-картичката во најблискиот А1 продажен салон од страна на носителот на договорната обврска.
Замената на SIM-картичка е со надоместок во износ 299 денари (со ДДВ). Надоместокот ќе биде фактуриран во следната месечна сметка доколку сте корисник на А1 Постпејд услуги, а доколку сте корисник на А1 Припејд услуги, надоместокот се наплаќа на лице место на шалтер во А1 продажниот салон каде што ја реализирате замената на SIM - картичката.