Корисничка поддршка
Потешкотии со најава на мобилната апликација A1 Xplore TV
Доколку имате потешкотии со најава на мобилната апликација A1 Xplore TV од мобилните уреди Huawei или Xiaomi, потребно е да ги направите следните чекори:
1. Ако ја користите апликацијата преку мобилен интернет, потребно е да се префрлите на некоја Wi-Fi мрежа и повторно да пробате да се најавите на апликацијата;
2. Одберете Settings - SIM cards & Mobile Networks - ја избирате SIM картичката на која сакате да подесите SIM 1 или SIM 2 - Access Point Names.
Полето Proxy треба да е празно, доколку има податоци потребно е да ги избришете и да ја сочувате промената.