Корисничка поддршка
Кои документи за деловно лице се потребни за склучување претплатнички договор?
Доколку сте деловно лице и сакате да склучите претплатнички договор за користење телекомуникациски услуги од А1, потребно е да го посетите најблиското A1 продажно место и да ги приложите следните документи:
1. Барање за засновање претплатнички однос со A1;
2. Согласност за проверка на платежната способност, (согласност за доставување извештај од Македонското кредитно биро АД Скопје);
3. Извод за тековната состојба на правниот субјект издаден од Централниот регистар на РМ, не постар од 1 месец;
4. Валиден печат од правниот субјект;
5. Потписен картон на жиро-сметката на правното лице издаден од овластено лице во банката – депонент;
6. Извод од банкарска сметка не постар од 30 дена;
7. Лична карта или пасош од лицето коe што го потпишува договорот, (законски застапник, вработен или трето лице, којшто е овластен со нотарски заверено полномошно) – на увид; и
8. Доколку од апликантот се бара услуга за која има инсталација на опрема, со приложените документи при поднесување на барањето за активација треба да се потврди и адресата за инсталација. Како потврда на адресата за инсталација, треба да се достави валиден документ како доказ за владение со имот – договор за закуп, купопродажен договор, имотен лист.