Корисничка поддршка
Како да склучам претплатнички договор за фиксни услуги?
Доколку сакате да склучите договор за фиксни услуги, можете да аплицирате преку:
• повик кон Контакт Центарот на бројот 077 1234;
• нашиот „E-Shop“ на следниот линк: https://www.A1.mk/e-shop ; или преку
• нашиот „A1 Live Shop“: https://www.A1.mk/liveshop каде што преку виртуелната продавница можете да разговарате со нашите продажни агенти во живо, каде и да сте, и да добиете детални информации за сите наши производи и услуги.
По Вашето аплицирање, ќе биде направена проверка за техничката можност за инсталација на пакетот со услуги на бараната адреса. Секако, доколку постои техничка можност на Вашата адреса, ќе биде склучен и претплатничкиот договор.
Договор можете да склучите и во најблиското А1 продажно место, со приложување на валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош).