Корисничка поддршка

Како да го прилагодам телефонот за користење на мобилен интернет?

За да можете да користите мобилен интернет, потребно е да се направат прилагодувања на Вашиот мобилен уред кои зависат од оперативниот систем

 

  • Android оперативен систем

Кај некои уреди, тоа се прави Автоматски при вметнување на A1 SIM картичка, додека кај некои уреди подесувањата се прават рачно.

Пристапете во телефонот во полето Settings – More – Mobile Networks – Access Point Names.

Притиснете на симболот „+“ во горниот десен агол.

Во полињата „APN, Username, Password“ внесете internet.

Другите полиња не е потребно да ги подесувате т.е потребно е да останат празни.

Во горниот десен агол притиснете ги трите точки и одберете ја опцијата „Save” со што системот ќе ги сними подесувањата и ќе Ве врати во полето „APNs”.

 

Интернет прилагодувањата за Вашиот Android уред може да ги добиете и со испраќање на SMS порака, со текст "Sett" на бројот 1445.

 

  • iOS оперативен систем

Кај некои уреди, тоа се прави Автоматски при вметнување на A1 SIM картичка, додека кај некои уреди подесувањата се прават рачно.

Притиснете „Settings” потоа „Mobile Data”.

Потоа, притиснете „Mobile Data Network” и ќе излезе листа која треба да ја пополните.

Во горниот дел на менито, во субменито „Mobile Data” во полињата „APN, Username и Password” внесете internet.

Подесувањата ќе бидат зачувани откако горе лево ќе се вратите во Mobile data.

Доколку сакате да користите и опција Personal Hotspot во тој случај пополнете ги и полиња во субменито „Personal Hotspot”.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања