Корисничка поддршка
Имам само радио канали, не гледам телевизиски канали
SAGEM STB ресивер (бел)
Во овој случај потребно е да притиснете два пати на копчето „Teletext“ на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер, при што на телевизискиот екран ќе се појави прозорец од левата страна кој покажува која листа на канали е одбрана во моментот. Потребно е да притиснете на копчето за напред (десно од копчето ОК) на далечинскиот управувач од дигиталниот ресивер и да одберете „Сите канали“ или „Сите ТВ канали“. Застанете на опцијата „Сите ТВ Канали“ или „Сите канали“ и притиснете на копчето „ОК“. Потоа притиснете на копчето со број 1 за да го одберете каналот број 1 (МРТВ).
STRONG STB ресивер (црн)
Ако се вклучени само радио каналите потребно е да притиснете два пати на копчето „TV/R“ на далечинскиот упаравувач на ресиверот. На овој начин ќе имате пристап до сите ТВ канали.