Корисничка поддршка
Брзо ми се троши мобилниот интернет. Што да направам?
Апликациите што се инсталирани на телефонот, нивното користење и ажурирање, го трошат вклучениот интернет.
Опцијата “Data usage” овозможува кај секој модел на телефон да се провери кои од апликациите што ги користите трошат најмногу интернет.
Во случај да користите WiFi конекција, при слаб сигнал на WiFi конекцијата, интернет сообраќајот ќе се префрли преку mobile data и ќе се наплатува соодветно тарифниот модел, па затоа е секогаш добро при користење на WiFi да се исклучи mobile data на самиот телефон.
Советуваме опцијата за Tethering (mobile data sharing, hotspot) да биде исклучена доколку не се користи.
Препорака е исто така секогаш да го исклучите автоматското ажурирање на оперативниот систем на телефонот се додека не се поврзете на WiFi.