Корисничка поддршка

Најчести проблеми со кои можете да се соочите при користење XploreTV ресивер

Грешка со мрежната врска/Апликацијата веќе не работи - Доколку на вашиот телевизор се појави една од овие пораки,потрбено ќе биде ресиверот за телевизија да го исклучите и вклучите повторно во струја. Доколку проблемот не се реши на овој начин, јавете се во контакт центарот на 077 1234.

HDMI-HDCP грешка - Доколку на вашиот телевизор се појави оваа порака,потребно ќе биде да го извадите и повторно да го вратите HDMI кабелот. Доколку проблемот не се реши или повторно се појави по одредено време ќе биде потребно да ја промените резолуцијата на самиот ресивер. Новата резолуција треба да биде поддржана од самиот тв уред. Одкако ќе ја промените,рестартирајте го ресиверот од струја како би се зачувала самата промена. Доколку повторно се појави оваа грешка јавете се во контакт центарот на 077 1234.

Син/Црн екран - Доколку на вашиот телевизор се појави син или црн екран,потребно е да се рестартира ресиверот од струја како проблемот би се решил. Доколку проблемот не се реши, јавете се во контакт центарот на 077 1234.

Дали сте задоволни од одговорот?

Слични прашања